Достапни линкови

Македонија треба да биде високо развиена земја


Швајцарија нема суровини за производство на чоколадо, нив ги увезува, па сепак пласира високо конкуртентен производ, што како резултат има национален доход по глава на жител еднаков на оној на Соединетите Држави. Сингапур во 50-тите беше непозната сиромашна земја во Азија, сега е една од најбогатите држави во светот - вели Џејмс Лефлер објаснувајќи ја суштината на принципот на конкурентноста кој е во основа на проектот што под спонзорство на Соединетите Држави започна во Македонија.

Успешноста на земјите во транзиција да бидат конкуренти на светскиот пазар зависи и од подготвеноста на земјата да ја свати суштината на пазарната економија:

„А во основа тоа значи да го смените фокусот од продавање на производи на препознавање на потрошувачите, нивните потреби и проиводство на продукти согласно на нив,“

вели Лефлер, шеф на проектот насловен како Конкуретност на Македонија.

Во следниве четири години колку трае прокетот финансиран од страна на соеднитеите американски држави активностите ќе бидат фокусирани на создавање заедничка визија за зголемена конкуретност на македонските фирми. Оттаму клучна компонета на оваа иницијатива е создавање Македонски национален совет за конкуренција што ќе го сочинуваат водечките домашни компании, директори, личности од политичкиот и невладиниот сектор кои треба да работатат на создавање стратегија ,методи И планови како да им се помогне на македонските фирми.

„Нема причина зошто Македонија не би успеала, ги има вистинските луѓе, тие се добро образовани, мотивирани, зборуваат странски јазик. Оваа земја може да биде високо развиена земја и треба да биде,“

порачува Ле Флер.
XS
SM
MD
LG