Достапни линкови

logo-print

Партиски реваншизам


Партиската припадност е единствениот услов за да се добие работно место во Македонија е заеднички став на политичарите во земјава.

Владеачите партии ги обвинуваат нивните претходници дека вршеле партиски вработување во нивно време додека сегашната опозиција тврди владеачките партии применуваат партиски реваншизам.

.„СДСМ ја отпочна битката против невработеноста со масовни отпуштања. Не се работи само за членови на ВМРО-ДПМНЕ, туку се работи за луѓе коишто биле внатре во тие организации наназад 20 или 30 години. Конкретно, имаме околу 3000 луѓе со договор за дело во ЕСМ, околу стотина луѓе во претпријатието за стандбен и деловен простор, околу 500 луѓе во Министерството за одбрана...“

„ Ставот на СДСМ, откога ја формира и започна да функционира владата, е оној којшто беше и за време на изборите: нема да има партиски реваншизам и ние и натаму тврдиме дека нема воопшто да стане збор за ниедна форма на партиски реваншизам.“


Изјавија прортпаролите на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и на СДСМ Игор Ивановски.

Се работи за пречекорување на бројот на вработувањата за време на изминативе четири години вели Ивановски

„Како резултат на работењето на минатата влада, затекнавме во огромен број и во речиси сите владини и државни институции, луѓе коишто не одговараат на др`авната систематизација, не одговараат на одредбите од законот за државни службеници и воопшто не ги задоволуваат критериумите на работното место.“

И ВМРО ДПМНЕ со идентичен ств доколку треба да има кадровски поместувања тогаш тоа трба да се направи врз принцпите на стручност и комптентност но:

„ Гледаме дека се повеќе главен критериум за да се добие некоја функција во државата е членството во СДСМ, но пред се и над се семејната врска со некој од раководството на СДСМ.“
XS
SM
MD
LG