Достапни линкови

До сега регистрирани 64 заболени


Во Македонија досега официјално се регистрирани 64 случаи на Заболени од ХИВ сида во сите делови на државата и меѓу сите националности. Првиот ХИВ позитивен случај во земјава е регистриран во 1987 година.

„Во текот на 2002 година во Македонија има пет нови случаи, од кои три со сида и два со ХИВ инфекција. Возрасната група на новорегитрираните е од 20 до 39 години.“

Доцент Др. Весна Велик Стефановска од македонската интеретничка асоцијација која работи врз превенцијта од овој вирусот кој предизвика епидемија во светот, а пред која науката сеуште е немоќна, вели дека досега од болеста кај нас починале 41 лице. Она што се појавува како проблем за нашите прилики во последниве неколку годони се контрадикторните состојби во делот на превенција. Додека повеќе институции во Македонија работат на информирање на граѓаните по пат на кампањи за нашините на заштита од вирусот на теренот се слушува спротивсното укажува Др Стефановска.

„Во продажба се кондоми чии што рок на траење е изминат дури во 2000-та година. Најголемиот дел од нив немаат ознака за стандардот на изработка.“

Кондомите како што додава Др Стефановска се продаваат во објетки кои не ги исполнуват условите за нивно правилно чување односно во аптеки продавници за облека и храна видеотеки на пазар и на тезги а голем дел од продажбата е застапена во централното гардско подрачје каде што потрошуавчката е најголема.

„Меѓутоа страшно е она, што најголемиот дел од кондомите што се неквалитетни се ставаат во опаковски коишто се привлечни за младите луѓе кои што ги тераат да го купат. Она што мораме да го сфатиме е дека основното нешто коешто ги води младите луѓе во оваа економска ситуација да купат кондом е ниската цена на кондомот со оглед на тешката економска ситуација на семејствата во коишто живеат.“

Асоцијацијата апелира на потреба валадата непоходно да ги прошисти состојбите на пазарот.
XS
SM
MD
LG