Достапни линкови

Неодговорно владеење на власта во минатите десет години


Напливот на штрајкови во последно време е само рефлексија на неодговорното владеење на власта во Макеоднја во изминатите десетина години тврди економскиот експерт професор Душан Вељковиќ. Превработеноста е само еден од проблемите кој македонските компании ги турка во економската бездна.

„Превработеноста е реален проблем. Оттука произлегува и малата продуктивност, нерентабилно работење, слаба конкурентност, тое не може да овозможи извоз на некои производи во услови на општа конкуренција на странските пазари. А, без извоз нема производство.“

Не помалку сериозен проблем е и поставувањето на несосодветни раководни кадри посебно во јавните компании, што во моментов се соочуваат со катастрофално лоша финансиска ситиација. Еден дел од вработените во овие компани веќе штрајкуваат.

„Способните се отстранети од своите работни места. Менаџерските тимови во многу јавни претрпијатија се составени по други, а не по критериуми на деловна способност, менаџерска умешност.“


Лошо спроведената приватизација во најголем дел ги разниша и така нестабилните столбови на македонските компани предупредува Вељковиќ.

„Вистинската причина на овие проблеми на незадоволството лежи во погрешно извршените приватизации, на нетранспарентен, на нечист начин.“

Во Макеоднија најзагрозени се големите компании, но тоа незначи и дека неможе да се очекува ескалирање на ситуацијата и во малите фирми.

„Малите претпријатија сеуште нема доволна критична маса да се покренат такви протести во вид на штрајкови, што никако не значи дека тие проблеми не постојат таму.“

Државниот интервенционизам иако не е непопуларна мерка се плашам дека мора да се употреби во случајот со Макеоднија тврди Вељковиќ.

„Се разбира дека тоа е многу лошо. Тоа на некој начин би значело враќање назад, меѓутоа се плашам дека во оваа ситуација тоа ќе биде неопходна определена конкретна интервенција со финансиски средства во одредени претрпијатија.“


Решавањето на сите овие проблеми за новата влада ќе претставуваат сериозен предизвик со кој мора да се соо6ат ресорните министри и премиерот, без оправдување дека буџетот е празен, а меѓународниот монетарен фонд не дозволува да се исполнат барањата на работниците објаснуваат економските експерти.
XS
SM
MD
LG