Достапни линкови

Американскиот амбасадор Батлер во обид да помогне


Денеска амбасадорот на САД во Република Македонија Лоренс Батлер оствари средба со семејството на учителот Јумни Јонузи чија биста повеќе од два месеци се наоѓа ви училишниот двор на ОУ во Шемшево и претставува една од пречките за тримесечниот бојкот на наставата на околу 200 ученици Македонци.

„Не е наша работа да го решиме проблемот, туку да им помогнеме на луѓето сами да го решат нивниот проблем. Во Шемшево сме за да го подобриме разбирањето меѓу луѓето и поради тоа дојдовме тука. Тука сме да собереме информации од прва рака. Ситуацијата е комплицирана затоа што се инволвирани емоциите на луѓето. Ние бевме тука, посетивме неколку семејства и бевме со семејството на учителот Јонузи и дознавме дека бил добра личност,“

изјави амбасадорот Батлер по средбата. Амбасадорот денеска се сретна и со директорот на училиштето во Шемшево.

Од денеска сите компромисни решенија паѓаат во вода, а со тоа и компромисното решение ОУ „Даме Груев“ по неговото незаконско преименување во Јумни Јонузи да се вика ОУ „Шемшево“ е последниот став на претсавниците од Иницијативниот одбор на родители кои последниот збор и го оставаат на владата, но таа никако да пресече.
XS
SM
MD
LG