Достапни линкови

logo-print

Несоодветната законска регулатива главна причина


Несоодветната законска регулатива за поседување и носење на оружјето е еден од генераторите за постоење големо количество илегално оружје во Македонија, освен воените конфликти, порозноста на границите и чувството на небезбедност на граѓаните. Додека, на пример во Албанија казна за нелегално поседување оружје е до три години затвор, а на Косово до седум во Македонија

„Законот за набавување, поседување и носење на оружје, што моментално е важечки во Република Македонија, датира од 1972 и 1976 година, а измените коишто се правени во 1981, 1982 и 1993 година се само мали козметички преправки,“

вели Владимир Пандовски претседател на националната асоцијација за оружје, невладина организација која се занимава со проблемот.

Истовремено во сите европски земји па дури и во Соединетите Држави како најлиберални во однос на оружјето дозволите главно се издаваат за негово поседување, додека за носењето дозволите се временски ограничени

„Максималните казни во овој момент се парична до 2,5 плати или казна затвор од 60 денови.“

вели пандовски.

Акцијата за разоружување која се најавува за пролет нема да даде резултати доколку не биде проследена со суштинска промена на законската регулатива и анимирирање на сите инстанци на општеството.

„Во постоечкиот закон постои разграничување помеѓу дозволите за носење и дозволите за поседување. Меѓутоа, практично најзастапени се дозволите за носење и поседување, што мислам дека би требало да биде во обратна релација. Националната асоцијација за оружје исклучиво се заложува оружјето што го поседуваат граѓаните да го употребуваат на стрелишта, односно да ловишта. Нема никаква причина оружјето секојдневно да се носи со себе.“
XS
SM
MD
LG