Достапни линкови

Багдад: Инспекторите за оружје официјално почнаа со работа


Инспекторите за оружје на Обединетите нации денеска официјално ја почнаа работата на теренот во Ирак во потрага по оружје за масовно уништување. Еден тим на инспектори помина околу три часа во ирачките воени капацитети во околината на Багдад. Според агенциите се претпоставува дека вториот тим е во индустрискиот комплекс североисточно од градот.
XS
SM
MD
LG