Достапни линкови

Брисел бара поголемо признавање на малцинските јазици во Грција


Од Атина е побарано поголемо признавање на малцинските јазици во Грција. Сега Европското биро за јазици што помалку се употребуваат со седиште во Брисел презема иницијатива со цел да ги дизајнира заложбите на запоставените малцинства.

Грција, лулката на европската култура, по се изгледа е нечувствителна за нејзините малцински јазици. Денес, во таа земја е признаен само турскиот јазик и тоа само бидејќи турците се катагоризирани како религиско малцинство. Другите јазици како македонскиот, влашкиот, албанскиот и помачкиот како што се нарекува една верзија на бугарскиот што го користи муслиманското малцинство, се игнорирани од официјална Атина.

„Тие немаат никакви права. Тие немаат образование на нивниот јазик, немаат училишта, медиуми.“

вели Јохан Хегман од Европското биро - невладина организација за заштита на малцинските јазици. Претседателот на ова Биро Бојан Брезигар смета дека Грција го нема достигнато нивото на нејзините партнери во Европската Унија во признавањето на лингвистичките разлики. Тој додава дека ситуацијата со македонското малцинство е ужасна:

„Ситуацијата што ја најдовме е полоша од она што го очекувавме, бидејќи посебно во некои делови каде што се зборува македонски, не е дозволена јавна употреба на овој јазик. Не зборувам само за официјалната употреба на јазикот, туку за јавната употреба во приватниот живот.“

Брезигар вели дека во едно подрачје што тој го посетил, дури била забрането и пеењето македонски песни, што е строгата рестрикција која ја споредува со еден вид јазичен геноцид. Но, сега, според него, е време нешто да се преземе:

„Ние би сакале да почнеме разговори со грчката влада за специфични теми. На пример ние би сакале Грчката влада да го потпише Европскиот документ за регионални и малцински јазици.“

Јохан Хегман вели дека од голема помош ќе биде ако грчката јавност биде информирана за малцинските јазици.

„Се надеваме, секако, дека тоа ќе даде попозитивна слика за малцинските јазици и оти тие веќе нема да бидат третирани како закана. Нашата порака е дека тие јазици се богатство и оти не се против грчкиот јазик.“

вели Хегман. Во Атина пак, портпаролот на грчкото министерство за надворешни работи Николас Јотопулос одбива да признае, освен турското, постоење на други малцинства во Грција.

„Разбираме дека има извесен број луѓе кои гледаат постоење малцинства. Но реалноста е дека малцинствата, во некои делови на земјата, се двојазични Грци кои можеби ја прифатиле усната традиција, но кои себе не се сметаат за малцинства.“

изјави Јотопулос кој е без коментар околу желбата на Европското биро за разговори со грчките власти околу пршањето за малцинските јазици.
XS
SM
MD
LG