Достапни линкови

Новинарите во власта


По промената на владеачката структура во државава се случија и неколку преминувања на новинари во некои сфери на администарцијата во власта, а има и премин на значајни функции како што е на пример агенцијата за разузнавање.

„Дел од тие новинари веќе беа во политиката, особено во времето на тнр. голема коалиција и не ме изненадува нивното враќање во политиката. Македонското новинарство сепак е исклучително младо новинарство, особено ова новинарство од последните десет години. Тоа не е етаблирано со некакви којзнае какви стандарди, ниту пак можеме да зборуваме за традиција во којашто новинарот си е новинар и дека тој може да биде само адвокат на јавноста и ништо повеќе. Во таа смисла, таквата циркулација нема да биде невообичаена и во периодот пред нас,“

вели Ѓунер Исмаил публицист во двонеделникот Форум и поранешен министер и портпарол во владата, коментиарјќи ги најновите трансферите на новинарите во структури на власта.

„Работењето во администрацијата пред се не подразбира само политички ангажман. Постојат работи за коишто новинарите се сигурно квалификувани и можат да ги работат тие работи, особено портпаролските функции и функциите во државната агенција за информирање. Се разбира, на ппрв поглед чудно звучи ангажман во безбедносни структури, но, се разбира, тоа е пат без враќање: после тој ангажман во безбедносните структури новинарите не би имале што да бараат назад во новинарството.“

Преминуавњето на новинарите на структири во власта е вообичаена работа и во развиените демократии вели Роберт Поповски новинар и член на извршниот одбот на здружението на новинарите во Македонија, но додава:

„Она што во Македонија е различно е тоа што голем број од новинарите во текот на работниот век имаат желба да бидат политичари. Многу се мераклии да седат во нечии политички скут, дури да составуваат влади, кабинети, да бидат блиски со политичарите. Тоа е онаа појава што е загрижувачка, затоа што тоа после влијае врз независноста и професионализмот на новинарството. Меѓутоа, државата е многу поодговорна кога ќе повика некој некомпетентен човек на таква позиција.“
XS
SM
MD
LG