Достапни линкови

Политичките партии во Македонија против


Поголемиот дел од политичките партии во Македонија се против идејата за одржување Балканска Конференција за промена на границите.

За СДСМ нема протор за разговори за менување на постоечките граници на Балканот.

„Она што може да се разговара е како да се изнајдат начините, кои се формите и механизмите за зацврстување на безбедноста на границите како еден од клучните фактори за зацврстување и на внатрешната стабилност и безбедност на Република Македонија, но можеби уште побитно за зацврстување на стабилноста и безбедноста во поширокиот регион на Балканот,“

изјави портпаролот на СДСМ Игор Ивановски.

Идејата за конференција на која би се разговарала за промена на граниите е анахрона идеа сметаат во ДУИ. Според нив таква конференција би вродила со плод доколку би се одржала на почетокот на 90-тите години кога и започна распадот на поранешна Југославија. Сега конфрнција би можело да се одржи само во врска со продлабочувањето на соработката меѓу Балканските земји

„Сега јас сум за таква конференција, но во врска со интеграционите процеси на Балканот,“

изјави потпретседателот на оваа партија Агрон Буџаку.

Ставот на македонската влада по однос на ова прашање го изснесе шефот на дипломаијата Илинка Митрева:

„Во рана пролет ние планираме да организираме конференција за безбедноста на границите, што значи едновремено и за потврдување на границите. Овие идеи се идеи коишто доаѓаат од центри коишто ние не ги сметаме за институционални. Границите меѓу балканските држави се потврдени од сите релевантни меѓународни институции.“

И претседателот на државава Борис Трајковски во интервјуто за Радио Слободна Европа изјави дека идеја за промена на границите по дефиниција е контраверзна.
XS
SM
MD
LG