Достапни линкови

logo-print

Сериозен проблем


Иако не постојат прецизни податоци за тоа во колкава мера во Mакедонија се присутни формите на организираниот криминал, како што се на пример шверц со дрога, оружје и луѓе евидентно е дека проблемот е сериозен

„Може да се каже дека овој сегмент кај нас е доста зафатен. Ние немаме прецизни податоци, бидејќи воениве дејствија овозможија одредени податоци да не можеме да ги следиме и тие беа празни простори за преземање такви дејствија од страна на оние коишто се занимаваат со организираниот криминал.“

вели криминолог доктор Стефан Буџаковски. Тој смета дека на Македонија и е многу повеќе потребна национална стратегија за борба против организираниот криминал отколку за борба против корупцијата

„бидејќи корупцијата е само еден сегмент од организираниот криминал, односно, може да се каже дека е алат за остварување на организираниот криминалитет.“

Во земјава досега не е изнајден сериозен одговор на проблемите кои ја следат појавата на организираниот криминал

„Ние немаме некоја поорганизирана форма за борба против организираниот криминал. Работите секогаш се вртат околу една исти личности, без да се вклучи науката, без да се вклучат работници коишто добро ја познаваат оваа појава и врз основа на истражувања да се спроведат мерки. А не обратно, само врз анализа на одредени податоци, имаме состојба на организиран криминал, па треба да преземаме мерки.“

вели Буџаковски нагласувајќи ја потребата од меѓународна соработка во искоренувањето на проблемот

„Организираниот криминал без меѓународна соработка е невозможно да се совлада, бидејќи организираниот криминалитет нема граници, тој се протега низ сите држави и сите континенти и може да се каже дека во последно време имаме поврзување на големите организации коишто се занимаваат со организиран криминал од сите континенти, а кои се вкрстено работат со перење пари, трговија со дрога, набавување средства за изработка на дроги итн.“
XS
SM
MD
LG