Достапни линкови

Идејата за регионална соработка за пристапување во НАТО одлична


Во поддршка, на како што рече, успешната македонска приказна по мирната транзиција на власта и успешно спроведените избори, американскиот помошник државен секретар Елизабет Џонс на разговори со претседателот и премиерот Трајковски и Црвенковски уште еднаш ја повтори пораката за отворената врата на НАТО и за земјите што не добија покана за члество на самитот на алијансата во Прага.

„Драго ни е што остануваме мошне тесно поврзани со Македонија додека таа продолжува по својот позитивен пат на реформите,“

рече Џонс. Разговарано е за приоритетите за приближувањето на Македонија кон евро-атлантските асоцијации.

„Една од работите што е суштинска во акциониот план е големата оговорност на земјите аспиранти за членство да продолжат со реформите, економските реформи, борба против корупцијата, контрола на границите, борба против шверцот со луѓе и оружје и се она на што Македонија се обврза да го спроведе.“

За таканаречената Јадранска иницијатива за регионална соработка на Македонија, Албанија и Хрватска Џонс со став дека:

„Тоа е многу интересна идеја и ја проучуваме. Концептот е одличен и ист како оној на Вилнус групата. Тој за своја основа ја има идејата за меѓусебна поддршка и помош во исполнувањето на критериумите за членство на земјите кандидати.“

Елизабет Џонс со претседателот Трајковски и со премирот разговараше и за соработката со Хашкиот трибунал, како и за исполнувањето на охридскиот рамковен договор.
XS
SM
MD
LG