Достапни линкови

Контрадикторности на локално и централно ниво на власта


Случајот Шемшево е добар пример за тоа како не треба да се постапува во иднина при евентуална друга промена на називите на институциите. Во конкретниот случај проблемот неколку месеци се решаваше надвор од институциите вели професорот Гордана Силјановска која упатува дека овие ситуации треба да се решаваат во советот на општината и од страна на ресорните министри односно според процедурата предвидена во законот за локална самоуправа.

„И тука има еден вакуум во законот за локална самоуправа кој не е случаен и кој не е во ред, бидејќи ние на централно ниво внесовме механизми на консензуална демократија кои особено кога се работи за културниот идентитет оневозможуваат мајоризација. Но, на локално ниво, кога заедницата која е мнозинска е малцинска нема механизми за заштита на идентитетот. Тоа значи дека може да биде надгласана.“

Имајќи го предвид вакумот во постоечкиот закон за локална самоуправа кој беше донесен минатата година во рамките на пакетот закони предвидени со охридскиот договор Сиљановска укажува:

„Во вакви услови треба добро да се обмисли, не мора се дури и со законот да биде одредено. Мора да се најде разумен компромис за никој да не се чувствува повреден и навреден. Веројатно во иднина, ова што ни се случува треба да не натера и подетално да ја утврдиме процедурата. Бидејќи инаку ќе имаме проблеми.“

Земајќи го како пример случајот со Шемшево како проблем на локално ниво таа упатува дека може да се појават слични барања и на централно ниво.

„Слушаме образложение од типот дека, па само 20 насто овде се Македонци која е логиката училиштето да го носи името Даме Груев. Истата логика може некој Македонец да ја истакнва таа логика. Значи, решението не е во тоа. Решението е во следново, ако се заборават страстите и се размислува со ум наместо со емоции, може да се дојде до решение.“

вели Сиљановска.
XS
SM
MD
LG