Достапни линкови

Да се почека за да се види дали ова е инцидентна појава


ДУИ на Али Ахмети е прва политичка партија во Македонија која фомира партиски огранок со членови кои се припадници на друга етничка заедница. Досега имало случаи албнци да членуваат во македонски политички партии И обратно но не на ваков начин.
Експертите велат треба да се почека да се види дали ваквата појава е инцидентна или пак граѓаните навистина ќе ги премостат етничките поделби. Како и да е велат тие ваквата појава залужува внимание.

„Кога ќе се каже дека едно општество е поделено и се бараат повеќе индикатори зошто е тоа поделено, се наведува токму тоа, дека граѓаните членуваат во етнички речиси чисти политички партии. Сега ова беше едно изненадување за сите, една појава која навистина заслужува внимание,“

изјави политикологотот Мирјана Малевска која додава:

„Меѓутоа сепак треба да се почека за да видиме дали е ова инцидентна појава или пак навистина граѓаните ќе ги надминат етничките поделби и ќе членуваат во да речеме, Македонци во албански политички партии и обратно, иако се разбира сме ја имале оваа традиција. Но, целата ситуација кај нас и на овој простор во последните десет години се карактеризира со длабока поделба по етнички линии.“

Во ДУИ образложувајќи го зачленувањето на дваесетина македонци во нивната партија велат ние никогаш не се деклариравме како национална партија на Албанците и самото име на партија зборува дека сме нивна интеграција во Македонија, сожителство и создавање нова стабилна и мултиетничка Македонија. Засега останатите политички партии во земјава се воздржуваат од коментар во врска со овој случај.
XS
SM
MD
LG