Достапни линкови

АРМ тврди: во Танушевци е безбедно


Танушевци погранично село кон Косово од каде започна воената криза во Македонија минатата година, повторно можна закана за дестабилизација на земјата. Мештаните упорно барат отварање на граничен премин во ова село инаку како што велат Танушевци би можело да стане Палестина.

Весникот „Дневник“ денеска објави дека во ова село стационирања е 15 члена терористичка група префрлена од косовска страна.

Од АРМ пак велат дека соотојбата на овој дел од граничната линија е безбедна, а пограничните патроли не забележале преминување на вооружни лица кон Македонија

„Ние немаме информации. Она што го спречи Армијата на Република Македонија во изминатите неколку денови е илегалното преминување на воглавно невооружени лица. Конкретно, во делот на северната граница кај Танушевци редовните армиски гранични патроли ја извршуваа задачата без проблеми,“

изјави портпаролот на АРМ Зоран Секуловски.

Минатата недела селаните од Танушевци и забранија на мешаната полициска патрола да влезе во ова село, а причина било претходното приведување на четворица жители страна на АРМ. Сега припадниците на МВР патролираат само со претходна дозвола на мештаните .
XS
SM
MD
LG