Достапни линкови

logo-print

Ерусалим: Самоубиствен напад, десет загинати 45 повредени


Најмалку десет лица загинаа изутрината, а 45-мина се повредени во нападот на Палестинец самоубиец кој активирал експлозив во преполн автобус во западниот дел на Ерусалим. За сега никој не ја презеде одговорноста за овој напад, прв во Ерусалим од август годинава. Десеттина израелски тенкови според извештаите влегоа во три села близу Кан Јунис во Појасот Газа. За време на операцијата биле уништени две куќи., а четири Палестинци биле ранети.
XS
SM
MD
LG