Достапни линкови

Македонија ќе ги почитува роковите


Министерството за правда со писмо се обратило до Основниот Суд Скопје два со кое го информира дека одлуката на Хашкиот Трибунал е усогласена со обврските кои Македонија ги има преземено спрема ова тела како и дека соработката со Трибуналот произлегува од нив, изјави за Радио Слободна Европа министерот за правда Исмаил Дардишта. Тој се надева дека рокот од 60 дена за предавање на случаите од македонските судови до Хаг ќе се ипочитува:

„Република Македонија постојано ги подджува активностите на трибуналот, соработува со неговата канцеларија во Скопје и учествува во напорите за постигнување на мир и стабилност, за развој на демократијата и почитување на човековите права. Министерствово за правда и надлежните органи изразуваат спремност за помош при водење на истрагите и прибирањето на доказите.“

Судовите во Македонија и претходно требаше да ги предадат петте случаи за кои се изјасни хашкиот Триунал смета екс министерот за правда Иџет Мемети кој додава доколку тоа не се случи:

„Тогаш се знае, Трибуналот е формиран со резолуција на ОН и тие имаат надлежности и можат да преземат адекватни мерки и санкции.“

Портпаролот на специјалниот пратеник на ЕУ во Македонија, Ирена Ѓузелова објаснувајќи ја причината за вчераШното предупредувчко соопштение од страна на меѓународните преставници во земјава рече:

„Една од причините зашто трибуналот е вмешан и заинтерсиран за овие случаи е да се помогне во стабилизација на безбедносната состојба во земјава и тоа една од целите за која сите ние овде работиме,“

изјави Ѓузелова.

Меѓу другото во предупредувачкото соопштение на меѓународните преставници во земјава се вели дека Истражната постапка за петте случаи треба да биде ексклузивна надлежост на Хашкиот Трибунал и за тоа е потребно поништување на сите претходни судски одлуки донесени во однос на овие случаи.
XS
SM
MD
LG