Достапни линкови

logo-print

Мисијата во Македонија продолжена за уште шест месеци


Советот на НАТО претпладнево во Брисел донесе решение за нова НАТО мисија во Македонија во траење од шест месеци. Договорено е мисијата да биде повторно разгледана во февруари со што практично е оставена можност водството да го преземе Европската Унија доколку условите за тоа бидат исполнети. Доколку европските сили за брза интервенција не бидат во можност да ја преземат мисијата НАТО останува и по истекот на првите три месеци. Според првичниот договор командата на новата НАТО мисија е во рацете на Италија како земја која во мометов раководи со штабот на НАТО. Мисијата е засега без име и не е исклучено така и да остане. Деталите на мисијата ќе бидат договорени по Прага и се разбира по официјалното барање на македонската влада што е и основен предуслов.

„Сеуште се дискутира за големината и за составот, а што се однесува до мандатот тоа ќе зависи од владата бидејќи треба да се дефинира што точно се бара. Значи во принцип, ние сме подготвени да продолжиме со мисијата, меѓутоа чекаме да дојде официјално барање.“

изјави портпаролот на НАТО Крег Ретклиф. Засега се оперира со фактот дека станува збор за помала мисија од досегашната. За решението од денешниот советна НАТО во Брисел е информиран и претседателот Трајковски. Во телефонскиот разговор меѓу првиот човек на Алијансата Робертсон и претседателот Трајковски е изразена готовноста на НАТО со оваа мисија освен во безбедносниот аспек да помогне и во приближувањето на Македонија кон НАТО. Затоа присуството на НАТО има две компоненти: цивилна и воена. Цивилната компонента е сочинета од советодавно тело и стотина инструктори што треба да и помогнат на македонската армија да ги спрофеде реформите согласно стандардите на НАТО, додека воената подразбира 120 воници под оружје односно офицери за врска кои ќе ги набњудуваат поранешните кризни региони и границата.
XS
SM
MD
LG