Достапни линкови

Вашингтон: САД веруваат дека Ирак ја прекршил резолуцијата на ОН


Соединетите држави веруваат дека Ирак ја прекршил новата резолуција на Советот за безбедност отворајќи оган врз американските и британските воени авиони кои патролираат во зоната за забранети летови, изјави портпаролот на Белата куќа Скот Мек Лилан. Изјавата доаѓа откако американските воени власти сооптија дека во понеделникот бомбардирале цели во северен и јужен Ирак откако најпрвин било стрелано врз сојузничките авиони.
XS
SM
MD
LG