Достапни линкови

Новите членки ќе придонесат за нивото на слобода


Верувам дека тие можат да придонесат за нешто многу важно. Новите членки ќе придонесат за нивото на слободата. Тие земји имаа тоаталитарен систем. Сега се слободни. Ја сакаат слободата, како што слободата што ја сакаат и Соединетите американски држави. Тоа е важно и за односите во НАТО. Тоа е здраво и добредојдено. Клучно е да се промени воената стратегија на НАТО. Лорд Робертсон тоа го разбира. Русија веќе не е наш непријател. Веќе не постоји потреба НАТО да спречува војна во поделена Европа. Всушност Варшавскиот Пакт станува полека но сигурно – НАТО. Веќе не ни е потребен тој тип на менталитет. Нам ни е потребна воена стратегија која ќе им излезе в пресрет на вистинските закани. Заканите со кои се соочуваме се глобалните терористички напади. И колку повеќе ја сакате слободата, тоа повеќе ја зголемува веројатноста дека ке бидете нападнати. Токму затоа членот 5 за Нато е многу релевантен во оваа војна против теророт. Терористите нема да бидат победени само воено, туку ќе бидат поразени доколку ние ги делиме разузнавачките податоци, како што им ги скративме финансиите. Станува збор за широки активности, од границите до размената на пораки. Ова е сосема различен начин на војна и затоа сметам дека самитот ќе биде интересна средба, бидејки не ма да се однесува само на проширувањето, туку и на усвојувањето зае3днички цели. Јас сум апсолутно убеден дека таканаречениот воен гап меѓу Америка и другите земји може да се реши со добра стратегија. И тоа ќе биде интересно да се набљудува, и сметам дека ке се случи. Знам дека Лорд Робертсон , кој го предводи НАТО е посветен на развојот и релавантната стратегија и дека тоа ке функционира.
XS
SM
MD
LG