Достапни линкови

Промените треба да се операционализираат преку законодавството


Уставните промени сами посебе не носaт директни промени тие треба да се операционализираат преку законодавството, а неговото применување со градење на доверба вели професорот по уставно право Саво Климовски по повод една година од донесувањето на уставните амандмани кои произлегоа од Охридксиот Рамковен Договор.

„Овој устав, којшто е сведен на двостран договор меѓу два субјекта, се уште не ре реализира и има сили кои се залагаат тој да не се реализира. Примената на овој устав, како впрочем и на секој пишан документ, зависи од градењето на мерките на доверба меѓу политичките субјекти. Секој устав е израз на политичката волја на субјектите во едно општество. И ако така се свати, уставот во тој случај ја акцептира иднината, а не сегашноста.“

За жал смета Климовски обичниот граѓанин уствните промени ги забележува во негативна конотација

„Затоа можеби е потребно да се овозможи една помобилизирана политичка волја и на едните и на другите субјекти, зашто навистина постои опасност да се појават националистички сили било од која страна на која овој устав не и одговара, бидејќи ваков каков што тој е израз на победата на националистичките сили, доколку граѓанските не надвладеат. Тој е замислен како јакнење на граѓанското општество. Но, кога да речеме буквално го читате уставот, ќе видите дека тој во себе имплементира двонационална компонента во креирањето на државата, не на општеството. А тоа може да биде многу штетно и да биде извор на нови делби.“

Градењето на граѓанскиот концепт на општеството е тоа што треба да се афирмира во Македонија вели професорот Саво Климовски

„Тоа значи да почне да се гради идејата за македонската нација како политички субстракт на македонската држава, а основен носител на моќта и на власта во рамките на таа македонска нација да биде граѓанинот. А сите други народи, делови на народи, националности итн., ќе треба да доживеат целосна афирмација во рамките на македонското општество.“

Инаку, согласно новите уставни промени на новиот состав на Собранието му преостанува да донесе уште неколку закони од кој најзначајни се Законот за финанирање на општините и Законот за пасошите.
XS
SM
MD
LG