Достапни линкови

logo-print

Прага: Утревечер ќе допатува Џорџ Буш


Американскиот претседател Џорџ Буш утревечер ќе допатува во еднодневна официјална посета на Чешка, ден пред започнувањето на самитот на НАТО во Прага. Тој в среда ќе се состане со домаќинот Вацлав Хавел што според познавачите на приликите ќе биде пригоден начин Вашингтон да се прости од чешкиот претседател кој во идниот февруари заминува од таа функција на која беше 13 години. Посетата на Буш, како и целиот НАТО самит ќе се одвиваат во досега невидени мерки на безбедност во Чешка.
XS
SM
MD
LG