Достапни линкови

Заеднички стремеж за членство во НАТО


Со мојот пријател Борис, како што се договоривме да се иманеуваме со претседателот Трајковски се договоривме да формираме лоби групи во парламентите на двете земји што треба да придонесат за поблиска соработка околу проектот Коридор 8, значаен за Македонија, Албанија, како и за Бугарија, изјави по средбата со македонскиот претседател Трајковски во Охрид албанскиот претседател Алфред Мојсиу.

„Како што знаете во Албанија е веќе формирано едно вакво парламентарно лоби, а со мојот пријател Борис се сложив дека едно вакво лоби може и има простор да се формира и во Македонија. Ќе разговараме и со претседателот Парванов со цел и таму да се формира едно лоби што ќе има за цел реализација на проектот Коридор 8. Ние ќе поттокнеме организирање средба меѓу овие три лоби, прво во Тирана, потоа во Скопје и во Софија.“

На охридските разговори двајцата претседатели ја потврдиле најавената трилатерална средба на претседателите на Македонија, Албанија и Хрватска, што ќе се одржи на самитот на НАТО во Прага, во смисла на регионална подготовка за реализација на аспирациите за членство на трите земји во НАТО алијансата.

„Од моја страна преложив една идеја на претседателот, една заедничка иницијатива, документ што ќе биде нешто како платформа за идна соработка меѓу нашите три држави Албанија, Хрватска и Македонија. Тој документ ќе поаѓа од интересите на регионалната безбедност и соработка, а исто така и од неопходноста на реформите кои треба да ги направиме во одбранбениот и безбедносниот сектор,“

изјави македонскиот претседател Борис Трајковски. Според него, во овој документ би биле и определбата за градење регионална безбедност и соработка, којашто треба да придонесе во градењето на заедничката архитектура на НАТО алијансата, како и низа практични решенија за поконструктивна соработка меѓу трите држави кои на самитот во Прага ќе останат надвор од ова проширување на алијансата.

На средбата Трајковски - Мојсиу се разговарало и за прашањата околу контролата на границата меѓу двете земји, како и за граничните инциденти, при што било констатирано дека треба поблиску и заедно да се работи тие да не се дозволат, зошто како што беше соопштено тие им штетат на односите меѓу Македонија и Албанија.

По Охрид двајцата претседатели разговорите ги продолжија во пограничниот град Подградец во Албанија.
XS
SM
MD
LG