Достапни линкови

Почнува балканската турнеја на Кофи Анан


Генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан в недела денеска ја започнува турнеата по неколку поранешни југословенски републики. Според негиовиот пратеник за Балканот Данило Турк, Анан од сите страни во регионот ќе побара три работи – отпор на национализмот, промоција на обновата и соработка со Хашкиот Трибунал.

Првиот човек на Светската организација Кофи Анан најпрвин престојува во Босна и Херцеговина каде што го означува крајот на мировната мисијата на Обединетите Нации УНМИБХ која од почетокот на идната година преоѓа под мандат на Европската Унија.
Пораката за Босна и за целиот Балкан, според пратеникот на Анан за регионот Данило Турк е идентична.

„Национализмот е многу силна политичка сила на Балканот, вклучително и во Босна и Херцеговина. Потребно е да се надмине минатото. Нешто е веќе постигнато во тој правец, но тоа не е доволно, треба многу повеќе.“

Генералниот секретар Кофи Анан ќе престојува и во Белград, Загреб и во Приштина. Друго наследство на Балканот, за што тој ке разговара во регионот , вели неговиот пратеник Данило Турк, е организираниот криминал и нелегалната трговија со луѓе. Во Приштина во понеделник генералниот секретар ке порача обнова и коегзистенција меѓу мнозинското албанско население и не-албанците, посебно србите. На разговорите за статусот на Косово, вели Турк, потребно е да претходи најпрвин примена на следнава формула.

„Јас верувам дека клучната формула е обезбедување „стандарди пред статусот“. Тоа треба да се примени пред да почнат финалните преговори и да бидат одобрени од Советот за Безбедност.“

По Приштина генералниот секретар на Обединетите Нации во вторник ќе отпатува за Белград. Таму ќе разговара за Косово и за соработката на белградските власти со Хашкиот трибунал и за политичкиот развој на земјата и идните односи Србија – Црна Гора. Во Загреб на дневен ред се барањата од Хрватска да му ги предаде на Хашкиот трибунал двајцата популарни воени лисери, генерал Јанко Бобетко и пензионираниот генерал Анте Готовина. Обединетите Нации веруваат дека Балканот треба да ја дели судбината на Европа. Приемот на Словенија позитивно ќе влијае, вели Даниел Турк. Можното членство на Бугарија во НАТО ќе има голема симболична важност за Србија и Македонија.
XS
SM
MD
LG