Достапни линкови

Тајната на долгиот живот


Тајната на долгиот живот е вечна тема која многумина ја истражуваат. На едно место во светот долговечноста е вообичаена работа. Во местото Лерик во јужен Азербејџан живеат повеќе стогодишници од каде било во светот.

Ѓузил Ѓулиева секое утро во 6 часот станува за да ги нахрани кокошките што е вообичаено за руралните подрачја. Тоа што е невообичаено е фактот што таа има 131 година.

„Јас имам три сина и три ќерки. Ќе извините ама не можам да се сетам колку внуци имам. Тајната на долгиот живот ? Се хранам добро и работам напорно. Ништо повеќе од тоа.“

Во местото Лерик во Јужен Азербејџан блиску до границата со Иран живеат 65 илјади луѓе. Од нив 21 лице има над 100 години што преставува рекорд. До пред извесно време во Гинисовата книга на рекорди пишуваше дека најстаро лице што живеело на земјата е французинката Жана Луи Калмент која во 1997 умре на 122 години. Џингиз Гусанов од Азербејџанската Акедемија за науки кој од 1970 та година ја проучува тајната на долгиот живот во Лерик вели дека се уште го провоцира како тоа во ова подрачје луѓето живеат толку долго.

„Тие живеат во чиста средина. Тие се многу активни физички. Луѓето таму не лежат по цел ден во кревет и немаат потреба од доктор. Најважната работа е што се многу активни.“

Неговите зборови на дело ги потврди Киши Бендиев кој секое утро го јава својот коњ. Бендиев минатиот месец наполни 125 години и е горд на својата меморија. Еве како 125 годишниот Киши Бендиев се секава на лидерите што ги помни.

„Првиот на кој се секавам беше царот Николај Втори. Тој владееше , а потоа дојде Ленин. По Ленин , беше Сталин. По Сталин, Брежнев, а по него дојде Горбачов и тој како што знаете се уништи.“

Бендиев се откажал од цигарите на 70 години, но многу негови врсници се уште пушат и пијат алкохол. Меѓутоа, како што вели академик Гусанов, пушат чист тутун без синтетика што го садат во своите градини и пијат водка од плодови што самите ги собираат во шумата. Модерниот живот сепак навлегува и во Лерик во Јужен Азербејџан и можеби репутацијата на ова место на стогодишниците нема да трае уште долго. Ѓузил Ѓулиева е среќна со своите 131 година ама вели дека нејзините внуци и правнуци денес се соошуваат со многу повеќе проблеми во денешен Азербејџан од кога и да било порано.
XS
SM
MD
LG