Достапни линкови

Позитивни оценки


Најмасовната статистичка операција, пописот на населението и домаќинствата кој се спроведуваше од 1 до 15 ноември се оценува како успешен, а недоследностите беа надминувани. Ова е генерална оценка на луѓето кои учествуваа во неговото спроведување, но и на оние кои го набљудуваа.

„Одредени проблеми од техничка природа беа присутни, коишто со успешна интервенција на Заводот за статистика и организацијата беа надминати, како што беше попишувањето со молив. Други недоследности коишто се јавуваа, како одредени домаќинства коишто не сакаа да ги дадат своите податоци, секако институциите реагираа и интервенираа со тоа што укажуваа дека нивниот одзив е во интерес на сите.“

изјави Дијана Крстевска, член на пописниот штаб при за Заводот за статистика.

И според претставниците на мегународната заедница пописот бил успешен, а недоследностите нема да влијаат на крајните резултати.

„Набљудувачите видоа некои потешкотии при спроведување на пописот, но тие беа изолирани и може да кажаме дека тие нема да влијаат на резултатите на пописот. Сепак рано е да се каже нешто попрецизно,“

вели Ирена Гузелова портпарол на Европската унија

Најголем проблем при спроведување на пописот на населението кое живее надвор од земјава беше малиот одзив:

„Луѓето од разни причини не успеале, не сакале и не дошле да се попишат, врзано со престој, далечина итн.“

информира Љупчо Арсовски член на координативното тело за попис на населението кое живее надвор од Македонија, при министерството за надворошени работи, додавајќи дека бројката што ќе се добие можно е да биде нереална, бидејќи се попишува населението кое е во странство помалку од една година

„Таа категорија луѓе е најтешко да се соберат и да се анимираат, бидејќи сепак е категорија луѓе што е врзана со многу моменти во земјите каде што престојуваат, дали им е регулиран престојот, дали имаат работа веќе, дали тоа се е направено итн.“

Инаку од денеска до 22 ноември е предвидено да се спроведе постпописно истражување со цел

„Согледување на успешноста на целиот попис.“

вели Крсетвска.
XS
SM
MD
LG