Достапни линкови

Усвоена завршна декларација


Договорено зајакнување на активностите за реализација на коридорот 8 и економската како суштински дел на регионалната соработка, како и солидарност и поддршка на оние земји што нема да бидат вклучени во наредното проширување на НАТО и на ЕУ се само некои од поентите со кои финишираше самитот на ЦЕИ во Скопје.

„Повторното воспоставување максимална економска соработка е препознатлив интерес за сите земји. Факт што дава надеж за продолжување на развојните процеси. Своевидна потврда за тоа е континуираното одржување и огромната посетеност на Економскиот форум во Скопје. И конечно, билатералните средби се уште една потврда за општо прифатените напори за достигнување на заедничките европски вредности и демократски принципи,“

рече премиерот Црвенковски на крајот од работниот дел на самитот што се одвиваше на политички, но и на економски план. Во Скопје продефилираа околу 2,000 гости, меѓу нив четворица премиери, вице премиери, министри за надворешни за економија и високи претставници на меѓународните финансиски институции. Со овој самит завршува македонското претседателство со ЦЕИ. Основачот и лидер на овој меѓународен форум Италија, преку својот Берлускони обзнани:

„Италија ќе помогне во консолидацијата на демократските институции во земјите на Балканот, но ќе придонесе и во економскиот развој,“

рече Берлускони.

Тој истовремено, наспроти грчкото спротиставување и со визија за Европа, во која присуството на Турција е незаобиколно. Берлускони и Црвенковски во Скопје потпишаа неколку билатерални спогодби за соработка. А, билатералните релации беа и во фокусот на средбите на македонската министерка за надворешни работи Илинка Митрева со нејзините колеги. Од нив произлегоа и конкретни најави, за поставување на тромеѓниот камен на границата меѓу Македонија, Бугарија и Југославија кон крајот на месецов. Почеток на подготвување заедничка агенда за членство во НАТО меѓу Скопје, Тирана и Загреб и соработка во обезбедувањето на границите.

Од средбите со вице премиерот и министер за надворешни работи на Албанија Илир Мета и најава за затоплување на односите со Тирана.
XS
SM
MD
LG