Достапни линкови

Луцерн: Тркалезна маса „Албанците и нивните соседи“


Денеска во швајцарскиот град Луцерн започна тркалезната маса на тема „Албанците и нивните соседи“ на која, меѓу другите, како што јавува Макфакс, учествуваат и лидерите на ДУИ и на ДПА Али Ахмети и Арбен Џафери, генералниот секретар на СДСМ Ѓорги Спасов и вицепремиерот Радмила Шеќеринска. Тркалезната маса започна со излагањето на шефот на УНМИК Михаел Штајнер кој се заложи за вклучување на балканските земји во европските развојни текови. Собирот кој е затворен за јавноста е организиран од американскиот Проект за еднички односи.
XS
SM
MD
LG