Достапни линкови

Ќе се преговара за „стенд-бај“ аранжманот


Претставниците на ММФ почнувајќи од денеска до 26-ти ноември ќе престојуваат во Македонија. Првите четири дена разговорите ќе се водат на техничко ниво додека од понеделник на мисијата ќе треба да и се придружи и шефот на ММФ за Макеоднја франек Розвадовски, со што всушност ќе стартува и официјалниот дел од преговорите.

За овој период тие ќе треба да ги утврдат макроеконосмките параметри оставарени во тековната, врз основа на кој ќе се планираат економските движења за наредната година.
Утврдувањето на растот на бруто домашниот производ и стапката на инфлација, ќе бидат основните параметри од кој ќе зависи креирањето на економската стратегија за наредната година.

Според првичните пресметки на преставниците на ММФ остварениот раст на БДП во 2002 година изнесува 0.1%, додека според македонскиот преговарачки тим растот го достигнал нивото од 2%. За разлика од стапката на раст на БДП, двата тима имаат идентични пресметки во делот на остварената стапка на инфлација која за 2002 година изнесувала 2.2%.

Од добиените податоци ќе зависи дали на Македонија ќе го добие „стенд-бај“ аранжманот кој е неопходен за регулирање на платно билансните проблеми со кој се соочува државата.
По 26 ноември, мисијата на ММФ се очекува повторно да ја посети Макеоднија во текот на месец декември, а доколку има потреба и во јануари, а од исходот на преговорите, ќе зависи и донесување на буџетот на 2003 година.

„Ако успееме во втората половина на јануари да го потпишеме договорот со ММФ, веднаш, до крајот на јануари, ќе го изгласаме и буџетот во парламентот. Ако тоа малку потрае, буџетот ќе биде донесен во првата половина на февруари.“

вели министерот за финансии Петар Гошев. Поради неможноста буџетот за 2003 година да биде донесен до крајот на оваа календарска година, најверојатно Владата ќе биде приморана да донесе одлука која ќе значи изготвување на програма за привремено финансирање.

Од крајниот успех на преговорите , односно од фактот дали Макеоднија ќе го склучи „стенд-бај“ аранжманот со Меѓународниот монетарен фонд ќе зависи и повлекувањето на двете транши од фесал аранжманот со вкупна вредност од 40 милиони долари. Одобрувањето на овој аранжман ќе значи и зелено светло за пристигнување на средствата од донаторската конференција во Брисел како и одобрување на ПСМАНК аранжманот од светската банка тежок 15 милиони долари.
XS
SM
MD
LG