Достапни линкови

logo-print

Самит на ЦЕИ


Со зголемени мерки за обезбедување и специјален сообраќаен режим Скопје од денеска е домаќин на досега најголемиот самит одржан во Македонија. Средбата на шефови на влади, министри за надворешни работи, за економија и високи претставници на 17-те земји членки, но и на сите меѓународни финансиски институции на Централноевропската иницијатива е паралелно фокусирана на политички и на економски аспект на соработката.

Главни теми на политичкиот дел од самиотот се меѓународната состојба, случувањата во регионот и новите предизвици со проширувањето на Европската Унија. Покрај средбата на шефовите на владите на земјите членки ќе се одржи и неформален состанок на министрите за надворешни работи. Досега е потврдено учеството на премиерите на Италија Силвио Берлускони, на Австрија Волфанг Шисел, на Украина Анатолиј Кина и на Словачка Микулаш Џуринда. Албанија, Југославија ќе бидат претставени со министрите за надворешни работи Илир Мета и Горан Свилановиќ, а потврдено е и учеството на претседателот на Европската Банка за обнова и развој Жан Ломер.

Тежиштето на самитот, со кој завршува претседателствувањето на Македонија со ЦЕИ, е фокусирано на бизнис димензијата застапена на економскиот форум што паралелно со политичкиот се одржува во Скопје.

Централно Европската Иницијатива е формирана 89-тата година. Денеска нејзини членки се Албанија, Австрија, Белорусија, Босна, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Македонија, Молдавија, Романија, Полска Словачка, Словенија, Украина и Југославија.

„Резултатот што го очекуваме од самитот е да се продолжи соработката меѓу овие 17 држави. Редовноста на самитите и редовното присуство на премиерите е она што е успехот на самитот.“

оцени координаторот на ЦЕИ за Македонија Jон Ивановски.
XS
SM
MD
LG