Достапни линкови

logo-print

Средба Буш - Анан за ирачкото прашање


Вечер во Белата Куќа ќе биде одржана средба меѓу американскиот претседател Џорџ Буш и генералниот секретар на ОН Кофи Анан. Разговорите, како што јавуваат агенциите, се посветени на разоружувањето на Ирак. Американскиот претседател предупреди дека нема да има никаква толеранција доколку Ирак не ги исполни барањата согласно новата резолуција на Советот за безбедност на Обединетите Нации. До 15 овој месец Ирак мора да одговори дали ќе ги исполни барањата. Ирачкиот парламент вчера едногласно побара отфрлање на резолуцијата оставајќи ја одлуката на претседателот Садам Хусеин. Американскиот државен секретар Колин Пауел изјави дека повикот на ирачкиот парламент не треба да се свати сериозно.

„Toј не е вистински парламент. Единствената власт која постоји е во рацете на Садам Хусеин и ние ќе чекаме да видиме што тој ќе рече.“

изјави Пауел, а во сличен то е и изјавата на генералниот секретар на Обединетите Нации Кофи Анан.

„Да ние имаме резолуција, но тоа е само почеток. Ние очекуваме да примиме писмо од Ирак до 15 ноември и тогаш ќе видиме што натаму.“

Шефот на Централната Команда на американските сили Томи Франкс, кој директно раководи со операциите на Блискиот Исток, Персискиот Залив и Централна Азија изјави дека се разработуваат тактиките, процедурата, технологијата за воен одговор. Сега, изјави генерал Томи Френкс на Садам Хусеин е да ја одбегне војната. Соединетите држави, инаку изразија загриженост затоа што Багдад нарачал повеќе од милион дози атропин – против отров за нервниот гас од една турска компанија. Според портпаролот на Стејт департментот Ричард Баучер оваа нарачка ги надминува нормалните хуманитарни потреби. Според Баучер, можно е Ирак да го употреби атропинот, кој инаку се користи како лек за срцеви болести, за заштита на своите војници од хемиско оружје што значи дека можеби постојат подготовки за такво нешто. Според Њу Јорк Тајмс американските рзузнувачки служби не веруваат дека Ирак, како што тврди, ги уништил хемиските отрови Сарин и Ве – Икс.
XS
SM
MD
LG