Достапни линкови

Останува дилемата НАТО или ЕУ мисија во Македонија


На Македонија и е потребно меѓународно воено присуство и по истекот на мандатот на „Килибарните Лисици“ на 15-ти декември, констатира владата на денешната седница.

„За таа цел беа задолжени ресорните министерства во координација со претставниците на меѓународната заедница да ги отпочнат подготовките за дефинирање на мандатот, на бројот и на целите на оваа мисија,“

изјави министерот за одбрана Владо Бучковски.

Околу носителот на новата мисија НАТО или ЕУ, владата сеуште јавно без конечен одговор.

„Јас мислам дека според сето она што се случува и во Брисел околу мисијата се ќе биде појасно во наредните десет дена,“

рече Бучковски, по седницата од која кабинетот на Црвенковски со отворена порака до претседателот Трајковски, откако шефот на државава го формира новиот тим за преговорите за името со Грција, на чие чело е професор Љубомир Фрчковски.

Владата на Република Македонија потсетува дека има директни надлежности и одговорност во сферата на надворешната политика. Затоа, констатира дека овластени претставници на Република Македонија во овие разговори, се само оние претставници за чие именување дала согласност и Владата на Република Македонија. Не изразуваме дистанцирање, туку само бараме да функционира кохабитацијата, бидејќи во поглед на надворешната политика поделени се надлежностите меѓу Владата на Република Македонија и претседателот на државата. Да нема недоразбирање во поглед на кохабитацијата е последниот заклучок дека владата на Република Македонија уште еднаш покажува целосна подготвеност за конструктивна соработка со претседателот на државата во сите сегменти каде што според уставот претседателот на Република Македонија има надлежности.“

На денешната седница е усвоена и нацрт верзијата на годишната акциона програма за членство во НАТО.
XS
SM
MD
LG