Достапни линкови

Европската комисија работи според стандарди, сопствениците незадоволни


Повеќе од 7,000 куќи беа оштетени за време на минатогодишниот конфликт во земјава. Од нив 5,600 претрпеа помали оштетувања додека 1,500 беа или повеќе оштетени или целосно уништени.

Реконструкцијата на 800 куќи од трета и четврта категорија, односно тешко оштетени објекти, се одвива според планираното.

„Очекуваме 550 куки да бидат завршени до крајот на годинава и уште 160 до февруари, а останатите до септември идната година. До тоа време сите куќи ќе бидат реконструирани и предадени на сопственците и луѓето ќе бидат во можност да се вратат од Колективните Центри во своите домови,“

вели Јорген Енгел, Пртставник на Делегацијата на европската комисија, која е надлежна за реконструкција на објектите во кризните региони.

Наспроти ова раселените лица чии куќи се речиси целосно оштетени, велат дека работата на терен, сепак не оди според предвиденото. Со оглед на изгубеното, за нив се неприфатливи стандардите кои им ги нуди Европската Комисија. За да се надминат разликите, раселените чии домови се тешко или целосно оштетени оваа недела се сретнаа со претставници на Делегацијата на Европската Комисија.

„Конкретно не се договоривме. Да се сретнеме еве уште еднаш. Главниот проблем беше што сите просек имаат по 200 квадрати куќи, тие ни нудат 55 метри квадратни,“

вели еден жител од тетовското село Теарце, кој во моментов со своето семејство престојува во Колективниот Центар Олимписко Село во Скопје.

„Процедурите се огромни, но сопственците на тешко оштетените домови, мора да разберат дека нашата организација работи според унифицирани стандарди кои веќе беа применети и во другите кризни региони од поранешната југословенски простори“ - велат од Делегацијата на Европската Комисија.

„Ги обновуваме овие куќи со многу строги принципи дефинирани од донаторите. Има неколку критериуми со кои донаторите се согласија и еден од договорите води до фактот дека ние ке обезбедиме нешто што се нарекува основна животна единица и се одредува според бројот на членовите не семејството,“

потенцира Енгел.

Најчесто процедурата низ која сопственците мораат да поминат за да добијат дозвола за реконструкција на нивните домови, опфаќа техничка документација од Министерството за транспорт и врски, проценка дека штета на домот е настаната за време на конфлктот, а не пред или по тоа, како и проценка на социјалниот статус.
XS
SM
MD
LG