Достапни линкови

logo-print

Третина од популацијата смета дека мажот има право да ја тепа жената


Браковите сега се многу страшни, а за семејното насилство, за физичкото малтретирање на жените е децата традиционално се молчи и се трпи:

„Сега браковите се многу страшни, со тепачки, со бог да чува. Жената никаде не е заштитена. А, за децата човек и да не зборува,“

зборува нашата анонимна соговорничка која сведочи за сопственото искуство на и за искуството на другите.

„Ние такви сме, што можеме да трпиме и до каде можеме да трпиме. И да умреш, ќе трпиш,“

Но, има нешто што не се трпи

„Не сме очекувале ни самите на почетокот со што ќе се сретнеме, што ќе видиме со своите очи. Меѓутоа, сме наидувале на жени коишто буквално биле претепувани, не можеле да станат столица. Малтретирани деца. Има случај на жена на којашто и фалеа цели парчиња коса од главата. Жени на коишто цел живот ќе им останат траги по телото и по лицето. Исекотини, горени со пегла, попарувани со вода, со нож, секакви најбрутални напади,“

раскажува Ивона Пауновиќ од единственото прифатилиште за жртвите од семејното насилство во Македонија. Капацитетите на ова прифатилиште се претесни за оние што побарале помош.

„Најтрагично е тоа што во Македонија нема друго прифатилиште за жени и деца жртви на насилство. Нема ни некоја институција што го третира директно тој проблем.“

Во последното истражување на јавното мислење за овој проблем, што го спроведе Институтот за трајни заедници, дури 33 насто од испитаниците сметаат дека мажот има право да ја тепа жената.

„Најтрагично е тоа што самите институции во државава, надлежните органи и самото законодавство, сеуште го третираат семејното насилство како природен проблем.

Треба да има нешто како курсеви, на коишто мажите ќе се обучуваат дека не треба да ги малтретираат жените. Значи, ако си ја зел да ја малтретираш жената како стока.“


Најчеста причина да остане во улога на жртва е економската зависност. Но, се повеќе жените со ова не се согласуваат.

„Подобро да метам улици, отколу да трпам ќотек цел живот.“
XS
SM
MD
LG