Достапни линкови

Маргарита Цаца Николовска, судија во европскиот суд за човекови права. Комплементарност во однос на човековите права


Во европскиот суд во Стразбур сте веќе четири години како прв судија од Македонија. Колку работата на овој суд е блиску или далеку од нашето национално судство?

Нашите судии веќе се запознаени со проблематиката од Стразбур, особено со праксата на Стразбур имајќи предвид дека таму се работи преку пракса, а не се работи на начинот на примена на правото, како што е тоа во нашиот правен систем. Човековите права во Стразбур се поединечно наведени во секој член од конвенцијата. Тоа се основни права, права коишто се во исто време имплементирани и во нашиот устав. Тоа значи дека претпоставка е дека апликантите коишто сакаат да аплицираат нешто во Стразбур треба прво да ги исцрпат домашните правни средства, односно да завршат со постапката пред националните судови, па потоа да се обратат во Стразбур.

Колку Европејците и Македонците ги бараат своите права во судот во Стразбур?

Своите права луѓето во Стразбур многу ги бараат, на пример, во 88 година имаше некаде околу 4,200 предмети, сега до деветти месец годинава има некаде околу 35,000 предмети. Бројката зборува се. Инаку, Македонците до сега се обратиле до европскиот суд за човекови права, има донесено една пресуда, повеќе одлуки, дури има и едно пријателско спогодување. Во моментов во Стразбур се работи на околу 80 предмети од Македонија.

За што најчесто Македонците ги бараат своите права пред европскиот суд?

Македонците до сега барале утврдување на повреда на човековите права по членот шест, тоа е членот што е многу широк и се однесува на правичното судење, кое инволвира многу аспекти како од страна на постапката пред судовите, така и од страна на постапката која што е пред судови, меѓутоа е резултат на однесување на адвокат со странки и странки и судии.

Колку според вас се применува европската конвенција за човековите права во Македонија?

Јас со гордост можам да кажам дека македонската легислатива е во согласност во голем дел со Стразбур, односно со конвенцијата. Друго прашање е како тоа во пракса се одвива и друго прашање е како се однесуваат органите по однос на примена на оваа конвенција.
XS
SM
MD
LG