Достапни линкови

Не сум наредил распуштање на „Лавовите“


Ниту сум наредил ниту имам надлежност да наредам да се распушти единицата за брза интервенција „Лавови“ изјави денеска командатот на униформираниот дел на полицијата во МВР Зоран Јовановски откако довчерашниот командантот на „Лавовите“ Горан Стојков го посочи за пренесувач на наредбата за распуштање на единицата.

„Се уште не е разговарано за иднината на лавовите, што значи дека она што вчера го рече генералот Стојков не е точно.“

За трансформација на единицата со Стојков имаме разговарано тврди Јовановски

„Истиот генерал Стојков пред 15 септември ми донесе еден предлог што го има изработено со странски експерти за трансформација на единицата за брзи интервенции. Јас се уште го чувам тој документ во којшто истиот вели дека првата единица треба да брои 150-200 луѓе, втората 500, третата 600 припадници, односно во лавовите би требало да има околу 800 припадници.“

Според него Стојков на местото команат на лавовите и чин генерал стигнал со доставена диплома за завршено средно образование, одговорноста за ова треба да се бара кај

„тоа ќе го прашате екс-министерот.“

Инаку од вкупно број на лавовите кој изнесува над илјада , само 352 се во постојан работен однос прецизира Јовановски кој инфомира дека другите веќе три месеци немаат добиено плата како што нема ниту останатиот резервен состав на полицијата.

Овие информации како и последните прераспоредувања во ова, но и други Министерства наидоа на остри реакции кај опзииската партија ВМРО ДПМНЕ. Во меѓувреме конституирањето на новата власт привршува со назначувањата на лицата од вториот и третиот ешалон.
XS
SM
MD
LG