Достапни линкови

logo-print

Прво оценка за работата, потоа промена


За да се промени јавниот обвинител мора да се оцени дали тој успешно ја извшувал функцијата, смета адвокатот Јован Трпеноски кој има искуство и како обвинтел, во контекст на најавата за промена на првиот човек на оваа институција, Ставре Џиков која следува по доагањето на новата гарнитура на власт, со што неговиот мандат би бил пократок за две и пол години од законски предвиденото

„Со промената на власта, бидејќи и јавното обвинитрелство на некој начин како да учествува во некоја политика на прогонот, се бара и промена на обвинителот, со што јас во начело не се согласувам. Е, сега, Ставре Џиков би го промениле, меѓутоа, треба да има причини за промените. Ако се сеќавате, така беше сменет и Стеван Павлевски: поради нестручност и неспособност. Тие беа две формулации коишто апсолутно не држеа – ниту ја испитаа стручноста, ниту способноста.“

Притоа тој посочува дека тоа било форма преку која, можеше тоа да помине во парламентот кој ги избира обвинителите, Според Трпеноски промената на Џиков би била објаснета со незадоволство од извршување на функцијата

„Имаше доста забелешки на извршувањето на функцијата на господинот Џиков, но од страна на опозицијата, за некои појави и настани коишто беа доста експлоатирани. И мислам дека доколку сега дојде до промена на Ставре Џиков, веројатно причините ќе бидат: поради неизвршување на обвинителската функција.“

Инаку според уставот јавното обвинителство е самостоен државен орган кој ги гони извршителите на кривични и други општествено штетни појави:

„Но, со оглед што со законот за јавното обвинителство е одреден начинот на избор на јавниот обвинител, а тоа е дека парламентот ги бира обвинителот и неговите заменици на предлог од владата, практично, во изборот на јавниот обвинител учествува извршната власт, што мислам дека беше преседан при донесувањето на законот за јавно обвинителство.“
XS
SM
MD
LG