Достапни линкови

logo-print

Заложба за пазарни реформи и зголемување на демократијата


Кинескиот претседател Џијанг Цемин изјави дека Кина треба да спроведува пазарни реформи и да ја зголемува демократијата. Во говорот пред делегатите на 16-тиот конгрес на кинеската комунистичка партија во Пекинг, Цемин оцени дека во земјата треба да продолжи функционирањето на цврстата политичка контрола.

„Клучно е да се унапреди системот на демократијата, со поголемо учество на граѓаните во политичките работи, да се обезбедат демократски избори и да се прошират правата и слободите, односно да се гарантираат и почитуваат човековите права.“

Цемин се заложи за брз економски развој, но под строга политичка контрола. Во врска со тајванското прашање, кинескиот претседател повика на обновување на преговорите со Тајван за реунификација, но додаде дека Кина го задржува правото на употреба на сила, доколку е неопходно. Над две илјади делегати на конгресот се очекува да ги одобрат промените на врвот на кинеската партија и држава. Вице претседателот Ху Џинтао треба да го замени претседателот Џијанг Цемин, а функциите ќе ги напуштат и претседателот на Парламентот Ли Пенг и премиерот Жу Ронгџи.
XS
SM
MD
LG