Достапни линкови

Дискутирано за новиот профил на идната мисија на НАТО


На разговори со новиот министер за одбрана Владо Бучковски денеска во Скопје беше командантот на јужното крило на НАТО адмирал Грегори Џонсон.

„Ова беше можност за мене да му честитам на министерот и на новоизбраната влада и да му кажам дека НАТО со задоволство ќе продолжи да соработува. Разговорите беа мошне плодни,“

рече Џонсон, по средбата на која е дискутирано за новиот профил на идната мисија на Алијансата што ќе ги замени Килибарните лисици, но и за севкупното интензивирање на соработката.

Според воените планери на Алијансата Бројот на војниците ќе биде помал од сегашните седустотини , тимовите за врски остануваат и се трансформираат во тимови за мониторинг и врски

„Офицерите за врска кои се присутни на теренот и кои реално се многу корисни за зачувувањето на безбедноста во Република Македонија, ќе бидат ќе бидат јадро околу кое најверојатно ќе има и цивилна компонента.“

рече министерот Бучковски. Договорено е и брзо формирање на советодавен тим на Алијанстата што ќе функционира во рамките на министерството за одбрана.

„Веќе од идната недела во Министерството за одбрана ќе имаме постојано советодавно тело составено од претставници на НАТО, кои заедно со Генераштабот на АРМ и на Министерството за одбрана ќе работат врз интензивирањето на нашите напори да ја преструктуираме АРМ. Тоа е уште еден чекор на приближување на нашата земја кон НАТО.“

рече Бучковски.

Според најавите по седницата на владата в понеделник ќе уследи и официјално барање на Македонија за нова шест месечна мисија на НАТО која ќе ги замени килибарните лисици по 15-ти декември.
XS
SM
MD
LG