Достапни линкови

Предвидена е промена на државните функционери со промена на власта


Според законот за државни службеници предвидено е именуваните функционери да бидат променети со доаѓање на нова гарнитура на власт, вели магистер Ана Павловска, асистент по Управно право на Правниот факултет во Скопје во контекст на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека новата влада веднаш започнала да разрешува луге на раководни функции

„Министерот, заменикот министер и државните секретари во сите министерства и републичките секретари во другите органи на управа, се подразбира да бидат сменети со промената на министерот, односно раководителот на органот на управата. Државниот секретар ја дели судбината со министерот и тоа е нормално, тоа е политички одговорно лице и нормално е со промената на политиката тоа да биде сменето.“

Во однос на раскинатите договори на лугето кои работеа во Министерството на одбрана, Павловска вели дека министерот има право еднострано да го прекине договорот на дело

„Во самиот договор е назначено дека е можно еднострано прекинување на договорот. Тоа е прва работа. Второ, поништените дговори се склучени во периодот после 15 септември, што значи во оној период кога владата функционираше или требаше да функционира како техничка влада. И тето, овој вид на поништување договори воопшто не спаѓа под законската регулатива за државни службеници, туку со нив се занимава трудовото законодавство.“

За да се извршат преименувањата, прераспределби или пак поништување на решенија за работа треба да се почека увид да направи трудовата инспекција

„Најпрвин ќе биде повикана трудова инспекција којашто ќе даде свое мислење, па врз основа на мислењето од трудовата инспекција, секој министер понатаму може, ако тоа го дозволува мислењето на трудовата инспекција, да поништи решение за засновање на службенички однос доколку не бил заснован според законот за државни службеници. Значи, треба и одобрение од министерот за финансии, треба и јавен конкурс и сето тоа за да се заснова службенички однос. Дали сето тоа навистина било извешено така, ќе каже трудовата инспекција, па после ќе се вршат поништувања.“
XS
SM
MD
LG