Достапни линкови

Почнуваат Есенските музички свечености


На стартот оперската претстава Турандот од Џакомо Пучини, со Оливер Балабурски како диригент, Павлина Новакова во насловната улога и првенците на македонската опера Весна Гиновска Илкова и Цветан Стојановски. Веднаш потоа,во осумте фестивалски дена, на неколкуте сцени во градов, ќе бидат изведени големи и значајни дела , а во програмата ќе бидат вклучени околу 1.000 уметници од земјава и странство. Предвидени се и изведбата на балетската претстава Порги и Бес од Гершвин, настапите на камерниот оркестар Арс музика од Софија, обоистот Васил Атанасов, камерното студио Бахус, составот Џез пистолс од Германија, хорот на Факултетот за музичка уметност и Академскиот хор при универзитетот во Ниш со вечерта посветена на големиот Карл Орф и пијанистката Соња Радојковиќ од Југославија. Последната вечер од оваа манифестација, пак, е резервирана за големиот концерт на Балканската филхармонија со која во оваа пригода ќе диригира Милен Начев од Бугарија.

Организатор на Есенските музички свечености е Дирекцијата за култура и уметност, а нејзиниот прв човек Никола Глигоровски за амбициите ова случување да се етаблира во голем фестивал ќе забележи:

„Се надеваме дека со оглед на тоа што станува збор за релативно млада манифестација, дека во наредните години уште поцврсто ќе застане на своите основи и дека за некоја година ќе имаме можност да кажеме дека во Скопје веќе егзистира уште еден реномиран фестивал чијашто крајна или единствена цел е токму уметноста, музиката, односно соработката меѓу народите токму поради уметничкото изразување и размената на духовните богатства.“
XS
SM
MD
LG