Достапни линкови

logo-print

Идна улога во формирање на светските цени на нафтата


Богатиот со нафта Касписки басен нема да се претвори во нешто што би се споредило со Персискиот залив но ќе игра важна улога во формирањето на светската цена на нафтата. Tокму затоа е огромниот интерес за Централна Азија.

Околу четири проценти од светските резерви со нафта лежат во Каспискиот регион и во иднина ќе играат важна улога во формирањето на светската цена на нафтата. Во годините што следат производството на нафта најголем подем надвор од земјите членки на ОПЕК ќе доживее во регионот на Каспиското море, смета директорот на американскиот Стејт департмент за Касписка енергетска политика Стивен Ман. касписките држави, предводени од Казахстан и Азербејџан имаат околу 50 илјади милиони барели резерви нафта, но тоа е неспоредливо со резервите на Персискиот залив. Меѓтоа важноста е огромна, а од друга страна Каспискиот регион е богат и со природен гас, многу повеќе од Соединетите држави или Северно море. Според американскиот Стејт Департмент приходите од енергијата може да креират стабилни и просперитетни држави. Директорот Стивен Ман вели дека проблемот е советското минато во изградбата на нафтоводите.

„Основен проблем, кога го гледате Каспискиот регион, е што нафтоводите се насочени од југ кон север за да ја снабдуваат советската индустрија. Сега во време на независност државите од регионот се најдоа во тешка ситуација поради рускиот монопол. Затоа американската влада советува изградба на мултициплирани нафтоводи, за да ја подржи нивната независност и сувереност.“

Ствен Ман вели дека Соединетите држави со години работеа на создавањето на енергетскиот коридор Исток – Запад. Шарабноу Таџбаш советничка за Централна Азија вели дека и на Русија и се враќа интересот за регионот.

„Доколку го гледате односувањето на Русија во изминативе десет години, ка видите дека тие всушност се повлекоа од регионот, посветувајќи се на внатрешните економски проблеми и свртувајки се повеке кон запад отколку кон југ. Како и да е, кога сватија дека го губат патронатот што го имаа 150 години тие се враќаат со целосен ангажман.“

Директорот на Стејт Департментот за касписката енергија Стивен Ман изјави дека Соединетите држави се заинтересирани за соработка со Русија за Каспиското прашање. Партнерството е покажано со американската најголема инвестиција во Русија за изградба на нафтоводи од Казахстан до Русија. Американскиот став не е анти-руски туку е против монополот на Транснефт и Газпром од кој губат и тие и државата поради не-пазарниот принцип на работа.
XS
SM
MD
LG