Достапни линкови

Односите меѓу двете земји пример за Балканот


Меѓу Македонија и Романија нема спорни прашања, а економската соработка треба да се засили, оценија претседателите Трајковски и Илиеску по разговорите во Собранието. Ратификувани се документите од договорот за пријателство и соработка, конзуларната конвенција какио и меморандум за потпишување на Договорот за слободна трговија. Овој договор ќе се ратикува за еден дена, а за придобивките од него расправаат и стопанствениците на двете земји на бизнис форумот што се одржува во Скопје. На разговорите станало збор и за евроатланските аспирации на двете земји и во тој контекст регионална соработка

„Во фокусот на нашите разговори беше европската идеја, а тоа значи додека сите земји од регионот и од Европа не станат членки на НАТО и ЕУ до тогаш Европа не може да ја видиме целосна, слободна и обединета,“

рече претседателот Трајковски.

Добрите односи меѓу двете земји со најава и за отворање на романскиот културен центар. Негавата цел е развивање на соработката во духот на европските вредности, рече романскиот председател одбивајќи ги толкувањата дека дека овој центар ќе биде појдовна точка за ширење на романските интересни сфери преку влашкото малцинство во Македонија.

„Ништо субверзивно нема во отворањето на овој центар. Романско македонските односи можат да бидет пример за Балканот,“

рече Илиеску.
XS
SM
MD
LG