Достапни линкови

logo-print

Скопје: Писмо на Пауел до Митрева


Американскиот државен секретар Колин Пауел до шефот на македонската дипломатија Илинка Митрева вчра упати писмо во кое се очекува продолжување на соработката и се искажува определбата на Соединетите држави за подршка на Македонија, соопшти денеска министерството за надворешни работи во Скопје. Рамковниот договор, спогодбата за стабилизација и асоцијација со Европската Унија и акциониот план за членство во НАТО - се вели во писмото на Пауел - остануваат патокази во прогресот на Македонија кон стабилноста и мирот.
XS
SM
MD
LG