Достапни линкови

Многу политика, малку право


Покренатите потерници треба да останат, но во целава работа има политичка конотација смета др.Никола Тупанчевски експерт по казнено право коментирајќи ги последниве случаи на приведување, а потоа ослободување на поранешни припадници на ОНА.

„Многу малку се работи за право во овие случаи. Ако беа притворени, тоа значи дека се крши законот за амнестија, а ако не беа притворени, на одреден начин се крши меѓународното право. Дефинитивно, законот за амнестија е во колизија со меѓународните стандарди, така што во конкретнава ситуација многу повеќе има политика, отколку што има право.“

Законот за Амнестија е донесен а ако сме првна држава тој треба да се почитува вели Тупанчевски:

„а тоа значи дека треба да се суспендираат сите активности коишто се во врска со настаните поврзани до 26 септември. Меѓутоа, во меѓувреме Основниот суд 2 и другите поведуваат постапки, што значи дека тие сметаат дека треба да се примени супранационалното право или статустот на Хашкиот трибунал којшто дава можност да се суди врз вакви кривични дела коишто значат повреда на меѓународното право. Едни сметаат дека треба да се применат одредбите од Статутот на Хашкиот трибунал, други сметаат дека националното законодавство не смее со никаков акт да биде исклучено од надлежност. Токму затоа Основниот суд 2 и другите стануваат дел од таа процедура во којашто Хашкиот трибунал со тек на време во било кој момент може да ги преземе активностите од националното законодавство.“

Покренета потерница по одредени лица може да се повлече само доколку:

„Органите коишто распишале потерница сметаат дека престанале причините коишто довеле до потерница.“

вели Тупанчевски.
XS
SM
MD
LG