Достапни линкови

Јане Миљовски, професор на правниот факултет. Царинската унија чекор кон Европа


Пред неколку месеци ја промовиравте идејата за создавање царинска унија во регионот. Меѓутоа, се чини дека оваа идеја не наиде на поволна почва...

Развој за Македонија, а и за другите земји на Балканот, нема ако не се влезе во повисоки форми на меѓусебна соработка. Досега постоеја тнр. договори за слободна трговија, коишто, откако ги заклучивме не добивме никаква промена во економската соработка меѓу земјите. Ако сакаме да имаме подобра соработка, мораме да одиме на нештомногу поцврсто отколку што е зоната на слободна трговија, а тоа е царинската унија. Идејата е следна: царинската унија да се склучи меѓу земјите на Балканот и паралелно со европската унија и оваа зона. Тоа значи дека како што тие мешу себе се интегрираат, така да се врши интеграција со европскиот пазар. Можни противници на ова идеја се производителите на низа стоки во одделни земји, заради тоа што Балканот покажува дека има слична производна структура. Меѓутоа, фактички, најголем противник на оваа идеја се криминалните структури. Едноставното постоење на граници меѓу земјите едноставно е можност да се создаде криминал: ако имате царина, можете да ја избегнете, ако можете да ја избегнете, ете ви работа за криминалците. Ако постои граница, можете нешто да шверцувате преку граница – ете ви работа за криминалците. Она што државите на Балканот не го направија – економски да соработуваат и да се интегрираат, криминалните групи на Балканот многу брзо го сфатија и веднаш го применија и се поврзаа.

Создавањето царинска унија не е во спротивност со определбата на сите овие држави, барем декларативно во регионот, за побрзо евроинтегрирање...

Не е и јас дури би рекол дека ова е единствениот пат кон евроинтеграција. Ние сите говориме дека сакаме евроинтеграција, ама како да мислиме дека секој од нас посебно ќе влезе. Можеби некои од нас сметаат дека ќе биде подобро ако одиме сами. Очигледно е дека ЕВропа така не мисли. Оттука е и пораката: ако можете меѓу себе да се договорите, тогаш ќе ве земеме како сериозен партнер. Тоа значи: царинската унија е единствениот пат преку кој можеме да направиме конкретен чекор за влегување во Европа.
XS
SM
MD
LG