Достапни линкови

logo-print

Турција: Исламската партија победи на изборите


Лидерот на турската исламска партија на правдата и развојот Реџеп Ердоган изјави дека неговата партија ќе го задржи про-западниот курс на Турција. Исламската партија на Правдата на Ердоган, според неофицијалните резултати од вчерашните избори доби 34 насто наспроти 19 насто гласови на републиканската народна партија. Доколку се потврдат овие резултати Исламистите самостојно ќе можат да формираат влада. Оваа партија минатата година ја формираа припадници на една забранета про-исламска партија. Ердоган не може да биде носител на јавна функција затоа што е беше осуден поради повик на верска омраза.
XS
SM
MD
LG