Достапни линкови

Москва: Русија ги обнови воените операции во Чеченија


Русија ги обнови воените операции против чеченските бунтовници во Чеченија, соопшти министерот за одбрана Сергеј Иванов. Изјавата на Иванов доаѓа откако Чеченците урнаа еден руски хеликоптер во кој загинаа девет руски војници. Истовремено се суспендирани плановите за намалување на военото присуство во Чеченија, бидејќи, според Иванов Чеченците планирале нови терористички напади вклучително и самоубиствени акции.
XS
SM
MD
LG