Достапни линкови

Четири кланови во Македонија раководат со трговијата со луѓе


Во Македонија дејствуваат четири групи, односно кланови кои раководат со трговијата со луѓе кои се дел од синџирот за препродавање на децата, открива Центарот за меѓуетничка соработка и бегалци. Директорот Владо Димовски вели оти во првиот момент на истражувањето се мислело дека се работи за деца кои просат низ скопските улици, но:

„Во подецнежниот период на истражувањето, како што одминуваше времето, испитаниците веќе почнаа да откриваат дека тие работат за одредени газди. Само да ви кажам еден податок, дека според нашите податоци постојат четири групи, четири кланови кои располагаат и раководат со децата кои ги среќаваме по улиците, веројатно и вие ги среќавате. Најчесто се случува тие групи да си ги препродаваат за големи суми на пари, зависно од тоа колку кое дете е доходовно и колку кое носи поголем профит.“

Во последно време голем замаф зема и проституцијата, е ставот на Димовски кој обвинува:

„Голем дел од државните институции, министерствата, поединци во тие министерства се длабоко инволвирани во трговијата со луѓе. Ако земете во предвид дека секојдневно на улиците гледаме деца, јавните гласила пишуваат дека поголема или помала група ја поминала границата итн. илегално, а за сето тоа нема некои одредени казнени мерки или реализирани одредени кривични пријави, со самото тоа се заклучува дека и државните органи се длабоко инволвирани.“

Оваа невладина организација која делува во нашава земја, во соработка со уште неколку дрги невладини организации од соседните земји, веќе неколку месеци работат на проект за спречување на трговијата со луѓе. Резултатите, вели Димовски, покажуваат дека сите држави се со идентични проценти на застапеност со трговијата со луѓе.

„Помал е процентот во Бугарија, бидејќи Бугарија претставува некоја транзитна земја за преминување. Низ Бугарија најчесто поминуваат да речеме луѓето од бившите советски републики и од азиските земји преку Турција. Додека, Македонија исто така според истражувањето се утврди дека е доста голем транзитен центар, но голем дел од луѓето кои влегуваат во Република Македонија и остануваат. Во делот на Косово исто така голем дел од луѓето кои поминуват низ Бугарија, Македонија се задржуваат на Косово, поминувајќи ја тука и границата на Србија. А, еден дел од тие луѓе бараат и некои си подобри услови, преминувајќи ја и косовско-албанската и македонско-албанската граница, па преку море за Италија и во европските земји.“
XS
SM
MD
LG