Достапни линкови

Разгледувана иднината на НАТО мисијата во Македонија


Можно ли е целосно стабилизирање на Македонија без поддршка на колективните безбедносни системи, каков е ставот на Македонија за дилемата околу заменувањето на НАТО со новите европски сили, колку е реална можноста за членство во Алијансата се само дел од прашањета иставено пред македската јавност на кое одговор побараа претставниците на политичкиот, јавниот и интелектуалниот врв:

„Кога велиме дека треба во Брисел да се заземе одреден политчки став, не значи дека ние или нашата јавност во Република Македонија треба да остане настрана од сите овие расправи,“

рече покровителот на конференцијата претседателот Борис Трајковски. Без оглед на одговорот дали на Македонија и е потребна или не и е потребна нова мисија државата ќе мора, а особено МВР да биде кадарна целосно да ја стабилизира состојбата во земјава. А таа сега според новата министерка за надворешни Илинка Митрева е кревка, што не значи како што рече:

„До крајот на мисијата Килибарна Лисица на 15-ти декември годинава, состојбата да се промени и да не го наложува веќе тоа присуство.“

За деликатноста во формулирањето на одговорот околу идните мисии зборуваШе НАТО амбасадорот Николас Бигман

„Прераното заминување го носи ризикот од стагнација во стабилизирањето на поранешните крини региони, предолгото останување пак може да создаде синром на зависност,“

рече Бигман зборувајќИ повеќе за шансите на Македонија за членство во НАТО. Според него клучен критеријум во оценката на една земја за полноправно членство е нејзиниот имиџ во светот, односно репутацијата која говори колку навистина е успешна во спроведувањето на евроатланските вредности како што се почитувањерто на индивидуалната слобода, законот и демократијата.

„Новоизбраната влада има можност да направи исчекор од блиското минато и радикално да го смени меѓународниот имиџ на земјата,“

рече Бигман.
XS
SM
MD
LG